(ВИДЕО) Огромна кобра голтна девет јајца, па започна да се гуши

На оваа одвратна снимка се гледа голема кобра која е приморана да ги поврати јајцата кои ги голтнала, затоа што не можела да ги свари сите одеднаш.

Огромниот рептил голтнал девет јајца одеднаш, но тоа изгледа било премногу.

На оваа снимка се гледа кобра на земјата која исфрла едно по едно јајце.

Се верува дека змијата велгла во кокошарникот во село во Индија, убила кокошка, а потоа ги проголтала јајцата, пишува Дејли мејл.

Еден од жителите ја забележан подуената змија и веднаш повикал помош од ловци на змии.

Тој потоа ја фатил змијата за опашката и ја тресел, поради што започнала да ги исфрла јајцата.

Коментари

Популарно