Преспанскиот договор е зготвен во Пентагон и Берлин

Во интервју за „Нова Македонија“, професорот по меѓународни односи на универзитетот на источен Лондон, Василис Фоускас, вели дека договорот меѓу Грција и Македонија е зготвен во Пентагон и во Берлин, па, оттука, тој им служи првенствено на интересите на САД и на Германија

Преспанскиот договор е предмет на меѓународни фалби до степен на заслуга за Нобелова награда за мир. Јавноста во двете земји како да не се согласува со ваквите оцени. Според вас, дали овој договор е знак на нова зрелост на политичките елити и на кадарноста на двете земји да надминат долгогодишен спор на цивилизиран и европски начин?

– Договорот беше зготвен во Пентагон и во Берлин, па, оттука, тој им служи првенствено на интересите на САД и на Германија. И во двете земји, Грција и Македонија, јас стојам со оној дел на јавноста што ја препознава оваа реалност, односно геополитичките и културните пориви на НАТО и на Европа, предводена од Германија, со цел Русија да се исклучи од Балканот. Не постои нешто такво како „цивилизиран и европски начин“, како да сите преостанати – словенски, црни, кинески и слични – се варварски и завојувачки. Токму „цивилизираниот Запад“ е оној што ја носи примарната одговорност за распадот на Југославија, а не нејзините народи.

Како ги толкувате мотивацијата и подготвеноста на Ципрас и на СИРИЗА да го прифатат договорот, кој ги става во незавидна политичка позиција?

– Договорот беше произведен во западните центри на моќ, но коинцидираше со желбата на грчкото министерство за надворешни работи да предизвика расцеп во главната десничарска Неа демократија и, секако, да го сврти вниманието на јавноста од вистинскиот проблем, а тоа е суровата политика на штедење. Оттука, зад договорот стои грчкото МНР, а не СИРИЗА како партија.

Дали СИРИЗА располага со доволен политички капитал и парламентарна поддршка за ратификација на договорот?

– СИРИЗА ќе профитира од договорот на евентуални избори, бидејќи тој го фаворизира грчкиот национален интерес, кој пак е идентичен со НАТО-интересите. Оние грчки хиперпатриоти што викаат по улиците не ни знаат зошто викаат. Дали националистичката партија што го поддржува Ципрас во парламентот ќе гласа за договорот? Да, ќе гласа. Се сеќавате на Макс Вебер? Она што ги обединува коалициите, велеше големиот германски социолог, не се идеологиите, туку материјалните бирократски интереси, односно она што јас би го нарекол – класни интереси. Г. Каменос нема да ја напушти својата министерска плата за нова авантура во полза на својата „националистичка“ или „патриотска“ идеологија.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Коментари

Популарно