Дали ни доаѓа пеколно лето со температиру над 40 степени?

Почитувани граѓани речиси сите прогностички модели укажуваат на тоа дека ова лето нема да видиме некој премногу изразен и долг топлотен бран кој би условил температури до па и над 40 °C.

Сепак и доколку се случи тоа иако шансите за тоа барем засега се многу мали тоа би траело сосема кратко.

Речиси цела југоисточна европа во текот на следните месеци ќе биде постудена од просекот како и со повеќе врнежи особено во нашиот дел од југоисточна европа.

Во ваква ситуација можни се и изразени циклонски системи кој би условувале поинтензивни врнежи од дожд и поголемо количество на воден талог.

Секако со оглед на тоа дека се работи за доста подолгорочна анализа на времето ПРОМЕНИ НА истата и тоа како е можна па ние и понатаму КОНТИНУИРАНО ќе ја следиме секоја ново – настаната временска ситуација и навремено ќе ве информираме.

За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Коментари

Популарно