ФОТО: Мислел дека ќе ја помине аеродромската контрола

Еден патник се понадевал дека смислил фантастичен план како нешто да прокриумчари во багажот, меѓутоа не го измами обезбедувањето на аеродромот во Мајами.

Сакал да влезе во авионот кој летал на реалција Мајами - Барбадос, но службениците при скенирањето виделе необична маса, па повикале тим за експлозивни направи.

Меѓутоа, на општо изненадување, пронашле змија вовлечена во чорапа и пикната во компјутер, и тоа во оној дел каде што стои хард дискот.

„Ако мислите дека вам ви е тесно во авионот, помислите како ми е на оваа млада змија“, напишаа на социјалните мрежи.

Иако питон не би влијаел на самиот лет, змиите на Барабдос се прилично ретки. Со нивно „преселување“ од Мајами, таа би предизвикала штета на локалниот екосистем.

Обеззбедувањето веднаш повикало служба за заштита на животните, па така питонот, а и самиот патник го пропуштија летот за Барбадос.

Коментари

Популарно