Далил смеете да ги чувате кондомите во паричник?

Иако уште одамна се верува дека се знае се за кондомите, многу луѓе и понатаму веруваат во митовите за презервативите.

1. Ако ставите лубрикант на кондомите, ќе го спречите неговото пукање

Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите полово преносливи болести

Кондомите не штитат целосно од гениталниот херпес, ХПВ, сифилис и срамните вошки. Презервативот не е доволна заштита ни за гениталниот херпес и оралниот херпес, за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и по полов пат. Ако имате ХПВ или херпес може да поминат години без да се појават никакви симптоми и да не знаете дека сте болни, а притоа  да му ја пренесете болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми

Можете да користите кондоми направени од полиуретан и полиизопрен.

4. Можете да ги чувате кондомите во паричник

Ако чувате пакетче кондоми во паричник подолго време, може да се оштети материјалот од кој е направен презервативот и да се создадат ситни дупчиња на него.

5. Ако користете два кондома одеднаш, ќе ја зголемите заштитата

Користењето два кондома одеднаш, всушност ја намалува заштита, бидејќи се создава поголемо триење и поголема шанса презервативот да пукне.

Коментари

Популарно