Сончево со дожд и грмежи попладне

Денеска е недела, 15 јули 2018 година, 196-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 169 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 10 минути, а ќе зајде во 20 часот и 8 минути.

Денов трае 14 часа и 58 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот и 47 минути, а ќе зајде во 22 часот и 3 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи, особено во северозападниот дел од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а  дневната од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во вторник и в среда ќе има делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Коментари

Популарно