Дневен хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Непотребно инсистирате на лично докажување пред саканата личност. За промена, покажете повеќе суптилност и нежност во блиските средби.

РАБОТА: Доколку постојат отежнати околности во деловната средина, немојте да инсистирате на своите првобитни намери.

ЗДРАВЈЕ: Потрудете се да ја подобрите концентрацијата.

БИК

ЉУБОВ: Вашето задоволство зависи од тактиката која ја применувате. Различните ситуации во кои се наоѓате подразбираат примена на соодветни улоги.

РАБОТА: Потребно е да го процените најдобриот момент за ефикасна акција за да ги остварите своите деловни цели.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ви одговара витаминска или диетална исхрана.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Подобро е да ја прифатите партнеровата идеа, отколку да прави нова љубоморна сцена. Избегнувањето на вистината представува погрешен избор.

РАБОТА: Потребно е да управувате според утврдени стандарди, бидејќи нечии ветувања не претставуваат гаранција за деловно-финансиски успех.

ЗДРАВЈЕ: Потребна ви е релаксација и опуштање.

РАК

ЉУБОВ: Доаѓате до знаење дека нечии ветувања не се доволно искрени. Постапете според својата свест.

РАБОТА: Вашите идеи наидуваат на нечие несогласување. Понекогаш не е лесно да се придобие поддршката на околината.

ЗДРАВЈЕ: Подобрете го вашето расположение. Посветете внимание на ведри содржини.

ЛАВ

ЉУБОВ: Светот околу вас изгледа многу подобар или поубав кога се наоѓате во позитивното окружување на саканата личност.

РАБОТА: Сте го свртеле вниманието кон себе, но тоа сте го направиле на погрешен начин. Сепак не дозволувајте да ве фати паника.

ЗДРАВЈЕ: Нема потреба од оптоварување со тешки мисли.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Доколку ве мачат емотивни дилеми, размислете што е причината за вашата несигурност. Не го оптужувајте својот партнер однапред.

РАБОТА: Се се наоѓа во вашите раци, но под услов да реагирате во најдобар момент или во согласност со заедничките правила за успешно делување.

ЗДРАВЈЕ: Добро ќе ви дојде здрав сон, посветете внимание на вашите сонови.

ВАГА

ЉУБОВ: Избегнувајте расправии. Немојте да давате лажни ветувања, проблемите нема да се решат самите од себе.

РАБОТА: На виделина ќе се покаже тоа дека имате погрешни пресметки. Непроверените информации создаваат погрешен впечаток на работните прилики.

ЗДРАВЈЕ: Добро би Ви доло одмор и изолација

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Некој Ви дава до знаење дека бара емоционална сигурност и доверба, а не нова интригантна ситуација. Не провоцирајте ја вашата среќа.

РАБОТА: Внимателно размислете за нечии зборови. Се што правите без нечие знаење или одобрување представува потенцијален деловен ризик.

ЗДРАВЈЕ: Нема потреба да ги преценувате личните можности.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Премногу очекувате од нечии ветувања. Понекогаш работите изгледаат поинаку од тоа како што ги опишува некој.

РАБОТА: Имате проблеми во работните дијалози, ситуацијата која за Вас представува единствено решение на некој му делува како комплицирана процедура.

ЗДРАВЈЕ: Нема причина да се оптеретувате со напорни обврски. Релаксирајте се.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Во средбата со саканата личност употребете некој испробан рецепт кој води до емотивно и страствено зближување. Добрата волја прави чуда.

РАБОТА: Понекогаш се станува релевантно и подложно на изненадни промени. Избегнувајте ја варијантата “се или ништо” и различните предизвици кои моше да ви нанесат штета.

ЗДРАВЈЕ: Успорете го забрзаниот ритам, опуштете се

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Нема причина да се чувствувате несигурни или да ја прикривате вистината во средбата со саканата личност. Осигурајте се дека правилно ги објаснивте вашите намери.

РАБОТА: Не заборавајте дека сè има своја “здрава граница”, така што работната терапија има позитивни ефекти само под одредени услови.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи психолошко опуштање и повеќе часови здрав сон.

РИБИ

ЉУБОВ: Чувствувате емотивна несигурност, избегнувајте непотребни возбудувања или авантуристички нагони. Олеснете ја својата совест.

РАБОТА: Доколку се наоѓате во непријатна ситуација, немојте да ја повторувате погрешната пригазна. Прифатете ја одговорноста за своите постапки.

ЗДРАВЈЕ: Важно е да остварите рамнотежа на своите мили и чувства.

Коментари

Популарно