ВИДЕО: Во Прилеп прослава за НАТО, а на „Пивофест“ NEXT TIME ја грмнаа „Ѓурѓо“ и ги повикаа „Комитите“

Синоќа прилепчани во мал број се собраа во центарот на градот за да бидат дел од прославата што ја организира Владата за поканата Македонија да биде член на НАТО и за доделувањето датум за преговори со Европската Унија. На големата бина во центарот на Прилеп настапи групата „5+“. Со прилепчани заедно славеа и пратениците Хари Локвенец, Кети Смилевска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Прославата беше организирана од 20 часот, непосредно пред официјалниот почеток на третата фестивалска вечер на манифестацијата „Пивофест“.

По завршувањето на прославата, започна третата вечер на Прилепскиот „Пивофест“, каде едни од изведувачите беа и Некст Тајм, кои со песната „Ја излези Ѓурѓо“ ја кренаа атмосферата на највисоко ниво.

Коментари

Популарно