ВИДЕО: Неверојатна приказна ја откри вистината за Лука Модриќ

Павле Баленовиќ, поранешен музичар и филмски каскадер, го посветил својот живот на проучување на Велебит и неговиот животински свет, пред се волците, кои на таа планина ги има во голем број. 

Во еден документарен филм за волците на Велебит, Баленовиќ снимил кадар на кој се гледа петгодишниот Лука Модриќ во преголема јакна како чува кози.

„Да, тоа е тој“ напишал Баленовиќ на Јутјуб.

За време на своите патувања на Велебит, Баленовиќ се спријателил со Стипе Модриќ, таткото на Лука. 5-годишниот Лука се гледа на снимката околу 2:30 од видеото.

Документарниот филм на Павле бил прикажан на ББЦ, а откако бил купен од нив документаревот е прикажан на 44.000 различни телевизиску куќи низ светот.

Коментари

Популарно