ФОТО: „Што е тоа на раката на премиерката?“

Американскиот претседател Доналд Трамп моментално е во посета на Велика Британија, па посетата ја искористи за ручек со премиерката Тереза Меј, но и чај со Кралицата Елизабета Втора.

При средба со Меј, како што пренесува "Metro",таа блескала во црвена тоалета, но вниманието на сите присутни го привлекол детаљот на нејзината рака. 

Сите се прашувале - каков е тој бел круг?

Се воспоставило дека на левата подлактица е прикачен апарат кој го контролира нивото на шеќерот и известува кога треба да се внесе инсулин.

На британската министерка во ноември 2012. година и бил дијагностициран дијабетес тип 1, а само една години подоцна раскажала со што се се соочува.

"Имам дијабетес тип 1, си ставам инекции пет пати дневно и веќе се навикнав. Зависам од инсулин, па така вбризгувањето сега ми е обична рутина во животот. Тоа што сум дијабетичар не ме спречува да правам што сакам", рекла таа.

"Премиерот Винстон Черчил во една прилика рекол дека "да ги има САД на своја страна, за него лично, е најголема радост". Духот на пријателството и соработката меѓу нашите две земји, нашите лидери и нашите народи, имаат долга и посебна историја. Затоа, во корист на нашите народи, треба да работиме на изградба на просперитетна иднина", рекла премиерката.

Потсетуваме, Доналд Трамп пред состанокот со Меј дал интервју за "The Sun", во кое ја обвинил Меј го "уништила Брегзит".

Коментари

Популарно