Саша Поповиќ сака да ја исфрли - Карлеуша реагира!

Саша Поповоќ веќе работи на новата сезона на Ѕвездите на Гранд, а се подготвуваат големи изненадувања. Поради новата концепција, директорот на Гранд сакал да ја отпушти Вики Манојловиќ како член на жирито, но се спротивставила нејзината ривалка Јелена Карлеуша.

Имено, Поповиќ сакал да воведе некои промени во жирито, сметајќи дека Вики е одвишна. Плановите му ги променила Карлеуша, која јасно му ставила на знаење дека без неа шоуто не би било исто.

"Саша подготвува до сега нешто не видено на нашите простори. Овој пат жирите ќе има уште позначајна улога во ова гледано натпреварувачко шоу. Тој смета дека Вики повеќе не е неопходна, со што Карлеуша, Босанац, Марија,и Бекута се сосема доволни. Меѓутоа Јелена за тоа дознала и решила да се замеша.

Имено, таа рекла дека Вики е многу инспиративна, дека сака да се конфронтира со неа, и дека нивната расправија секогаш ја дигала гледаноста, и голема грешка е таа да го напушти жирито. После овие аргументи, Поповиќ попуштил и речил Вики да продолжи и во новата сезона, освен ако самата таа не реши поинаку", рекол извор близок на медиумите.

Коментари

Популарно