„Комити“ на мирен и достоинствен марш против неправдата

Вечерва во 19.30 од плоштадот Филип Втори во Автокоманда, тргнува протестниот марш во чест на Никола Саздовски – Саздо.

Според извори во навивачки групи попладнево во Скопје се очекува присуство на фудбалски фанови од повеќе градови.

Според проценките на МВР се очекува мирен протест но преземени се сите соодветни мерки за спречување на инциденти.

Повикот за марш и правда за Саздо објавен на

Фејсбук страната на навивачката група Комитити го пренесуваме во целост:

Ве повикуваме сите Комити, сите добри луѓе, секој што се чувствува како Македонец, од секој дел на Македонија да дојде заедно со својата фамилија, со пријателите и во еден мирен и достоинствен марш да го дигнеме гласот против неправдата. Да им докажеме на “европејците” дека ние сме различни и сме поцивилизирани од “другите”.

Протестниот марш ќе се движи до Основното Јавно Обвинителство, каде што ќе се прочита известување до јавноста за неправдата, а маршот ќе заврши пред МВР, каде што симболично ќе запалиме свеќи во чест на нашиот брат.

Уште еднаш ве замолуваме на најдостоинствен и мирен начин да го изразиме нашето незадоволство за селективната правда и да се избориме за најстрога казна на сторителите на ова грозоморно дело.

ПРАВДА ЗА САЗДО !!!

Коментари

Популарно