(ВИДЕО) Французин провоцираше во Загреб и си доби шамар за паметење

Еден Французин го проследи големото финале на СП во Загреб.

Пред натпреварот се поздрави со навивачите на Хрватска, но по завршвањето на натпреварот и победата на неговата репрезентација се одлучи на провокација.

Се качи на бандерата каде го славеше триумфот на Триколорите, а навивачите на Хрватска брзо го симнаа на тлото.

Доби шамар и уште неколку удари и сигурно нема по добро да го памети престојот во главниот град на Хрватска.

Коментари

Популарно