Нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи

Денеска е вторник, 17 јули 2018 година, 198-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 167 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 12 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути.

Денов трае 14 часа и 55 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот и 13 минути, а ќе зајде во 23 часот и 13 минути.

Временска прогноза

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, најпрво во западните делови. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд особено во западните и јужните делови од земјава. УВ=8 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 20 до 34 степен. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 31 степени. 

Во среда и во четврток ќе биде посвежо со умерен до засилен северозападен ветер. Потоа следува период на претежно стабилно време, а во попладневните часови во планинските предели можна е ретка појава на пороен дожд со грмежи. 

Коментари

Популарно