НЕВРЕМЕ од северозапад се движи кон Македонија

Зголемената облачност од текот на ноќта, ќе резултира со појава на дожд и грмежи а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од западен правец уште во текот на препладневните часови.

Од пладне па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени меѓутоа навечер ќе започнат да опаѓаат поради продор на посвеж воздух од север кој ќе услови засилен северен ветер во среда и во четврток.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА КАКО И НА СИЛЕН ВЕТЕР ДА НЕ СЕ ПРЕТСТОЈУВА НА ОТВОРЕН ПРОСТОР КАКО И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД УДАР НА ГРОМ А ГРАЃАНИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА СИЛЕН ВЕТЕР ДА ВНИМАВААТ КАДЕ СЕ ДВИЖАТ.

За повеќе информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Коментари

Популарно