Сите зборуваа за мократа Колинда, а сега се огласи и таа

Иако првобитно порачала дека не сака да привлекува внимание од успехот на фудбалската репрезентација, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ сепак се појавила на дочекот на фудбалерите во Загреб.

Колинда во Русија со сите сили навиваше за репрезентацијата, упаѓаше во соблекувалните, скокаше пред руските колеги, а после финалето во кое Хрватска изгуби од Франција ги бакнуваше и француските и хрватските играчи.

„Маицата се исуши и еве ме. Бев толку среќна и тажна вчера. Покажавме колку сме понизни во победа, но и достоинствени ако не победуваме. Сепак, реакциите од светот велат дека ние сме победници“, рекла хрватската претседателка.

Коментари

Популарно