ВИДЕО: Ова е жената која го „украде“ медалот на финалето на СП

На социјалните мрежи и во медиумите со денови кружи видео на кое се гледа како жена зад грбот на рускиот претседател Владимир Путин во ебот од сакото става златен медал.

За да престанат обвиненијата дека жената го украла медалот, ФИФА одлучи да објасни што се случило.

Станува збор за Марион Мајер Врофелдер, ќерка на Герхард Мајер Ворфелдер, поранешен претседател на фудбалскиот сојуз. При доделувањето на медалите, Марион која стоела зад Путин и претседателот на ФИФА, имала медал повеќе поради еден член од францускиот тим кој не бил на доделувањето.

За да не го изгуби, Марион медалот го ставила во џеб, а подоцна го предала на француските момчиња. ФИФА потврдиле дека сѐ било регуларно.

Коментари

Популарно