ВИДЕО: Со хебла и шрафцигер демолираше возило и го натепа сопственикот на возилото!

На социјалните мрежи се појави видео од улично насилство деновиве во Струмица, за кој неофицијално дознаваме дека се третира како нарушување на јавниот ред и мир. На речиси триминутното видео се гледа како насилник со метална шипка или со шрафцигер уништува автомобил паркиран на улица. Лицето го демолира автомобилот додека сопственикот стои на страна, а во еден момент кога ќе му се приближи насилникот со спреј солзавец го прска во лицето.

Насилникот му се заканува на него и на неговата девојка, а по некое време сопственикот на возилото го удира, по што силеџијата пак му се заканува со шрафцигерот.

Од МВР денеска немаа детали за инцидентот. Неофицијално насилникот во инцидентот поминал со прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а казна ќе плати и сопственикот на автомобилот.

Коментари

Популарно