Утре е голем празник – Ако имате деца ова мора да го направите

Утре се прославува Преподобен Сисој Велики- заштитник на децата и брз помошник во секоја тага и неволја.

Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител.

Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви.

Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце.

Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година.

Ги учеше Св. Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови.

Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одоговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“.

Монах го запрашал авва Сисој: „Како да го достигнам смирението?“ Му одоговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“.

Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.

Најголемиот број обичаи врзани за Свети Сисој кои се почитуваат се врзани за децата. Многу мајки постат седум дена пред овој празник за да се причестат, а се верува дека така децата ќе бидат здрави и дека во живото ќе ги след среќа.

Ако на овој празник врне треба да ги пуштите децата надвор добро да искиснат. Во некои краишта е сочувано верувањето дека тоа е водата која Свети Сисој им ја испраќа од небото и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.

Постарите велат дека Свети Сисој е нјголемиот прогонувач на сите ѓаволи кои ги напаѓаат децата, па се верува дека денеска децата може да останат надвор и навечер, бидејќи демоните ќе избегаат и ќе се сокријат.

Народот вели дека се што ќе се роди на Свети Сисој ќе биде среќно и долговечно.

Коментари

Популарно