ВИДЕО: Починал еден час откако дознал дека сопругата му загинала, последните зборови ќе ве расплачат

Откако му било соопштено дека жената со која бил 35 години во брак загинала во сообраќајна несреќа, срцето на Американецот не издржало ниту еден час.

59 годишниот Рон Ниеми и 64 годишната Барбара Батлер, починале минатата недела во Мичиген во ист ден. „Не знам како децата ќе живеат без мајка“, биле последните збори на Рон.

Зад нив тие оставиле девет деца и 25 внучиа, кои сега се соочуваат со губењето на блиските.

Барбара загинала во сообраќајна незгода на 10 јули, а Рон само еден час подоцна додека децата ги известувал за несреќата.

Неговиот син доживеал двоен шок, откако таткото му се јавил дека мајка му загинала, стигнал уште еден повик од сестрата Џес.

-Одговорив дека знам за мама и дека сум на пат кога ми кажа дека тато е одведен со амбулантно возило во болница, откако се срушил на под, вели тој.

Децата велат дека Барбара и Рон биле нераздвојни и луѓе кои секогаш им помагале на другите.

Коментари

Популарно