Ако не се кредитите ниту ќе се подновиме, ниту ќе реновираме, ниту ќе отидеме на одмор, ниту децата ќе ги школуваме…

Податоците велат дека речиси и да нема македонско семејство кое нема некаков кредит. Потрошувачките се најзастапени. Исто така во последно време и станбените, покажуваат податоците на банките.

-Ние постојано имаме некој кредит. Таман еден ќе исплатиме друг ќе земеме. Инаку не можеме без нив. Апаратите за домаќинство ни се купени пред 30 години. Полека почнаа да откажуваат еден по еден. Двајцата работиме со сопругот. Земаме минимални плати. Како би тргнале пари на страна за некој апарат. Го земаме на рати и го исплаќаме за една година. Наредната година, земаме веднаш нов… Среќа што се тие кредити. Ако заглавиме некој месец, често знаеме да отидеме и минус од плата, вели скопјанката Весна.

-Децата ги школував со кредит. Инаку ќе останеа без диплома. Земавме во септември, до септември враќавме. И се така во круг, цели 8 години. Среќа децата ни се разлика 4 години, па не се поклопуваа со факултет, вели Ирина.

Има и такви кои земаат кредит за летување.

-Секоја година одиме така на одмор. Плаќаме на рати. Но, сметам дека заслужуваме барем десет дена во годината вистински одмор, бидејќи доволно работиме преку година, додава Натали.

Коментари

Популарно