Додека парламентарните партии се на лидерска средба, професорот Димитар Апасиев од „Левица“ на својот Фејсбук статус имаше што да и порача на владата.
„Остајете ги да се удават во сопственото НЕЗНАЕЊЕ. При вака конципирано референдумско прашање, цензусот останува ист - али се мења мнозинството! Од релативно, станува апсолутно. Наместо 450.000, ќе им требаат 900.000 гласови "ЗА". Сам себе убио ;)
#НаКуковоЛетоЌеВиПомине
#Бојкотирам“
Неколку часа претходно Апасиев напиша и:
„Нашиот Устав не познава консултативен референдум ;)
#ОдГрешкаУГрешка
#ЕбатеСпецијалнитеСоветници
-Упрпани се после фијаското на НАТОФЕСТ, и си викаат: „Кај се фативме на орово сеа, мамето ќе ни се расплаче“. А ние ќе се потрудиме и стварно да им се расплаче ✌️ ✊“