Роналдо на работници од хотел им дал 20.000 евра за..

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, кој минатата недела во луксузен хотел во грчкото одморалиште Коста Наварино со Јувентус договорол премин во тој клуб од Реал Мадрид, оставајќи великодушна напојница од 20.000 евра на персоналот во хотелот кои биле задолжени само за него.

Сајтот "Грик рипортер" пренесува од пишаните медиуми дека Роналдо напишал чек на оваа сума на менаџментот на хотелот во близина на Каламати и ркол дека сумата мора да биде поделена помеѓу десетина вработени во хотелот на кои задача им била да се грижат за него.

Роналдо во тој хотел потпишал четиригодишен договор со Јувентус вреден 100 милиони евра.

Коментари

Популарно