Сончево и топло уште денеска и утре

Денеска е петок, 20 јули 2018 година, 201-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 164 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 14 минути, а ќе зајде во 20 часот и 5 минути.

Денов трае 14 часа и 51 минута.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 13 часот и 32 минути, а ќе зајде 13 минути по полноќ.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер. Во планинските подрачја е можен слаб локален дожд. УВ= 7 Температурата ќе се движи од 22 до 34 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени.

Во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време со умерен северен ветер, а во крајните западни и североисточни делови ќе има услови за слаб краткотраен дожд. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

Коментари

Популарно