Голем месечен хороскоп за Август

ОВЕН

Работа – Среќата на работа нема да ве напушти ниту во август, бидејќи планетата Јупитер, од полето на вашата работа ви донесува поволни околности, а стимулативната енергија на сонцето и Лавот, ќе ве прави многу активни и креативни. Новиот производ, проект, реклама, опрема или страна ќе биди она што најмногу ќе ве преокупира во првите две недели од август. Во овој период, особено ќе просперира бизнисот. Ќе бидете подготвени за тимска работа и тоа позитивно ќе влијае врз развојот на вашата кариера.

Љубов – На Овните цел месец ќе им биде во знакот на уживање и љубовни задоволства, заради романтиката која ќе ја чувствуваат на почетокот на месецот. Ќе имате потреба да го идеализирате односот со партнерот, заради што ќе дојде до поголеми одлуки кога се работи за врската, како на пример заедничко живеење или проширување на семејството.

Романтиката ќе им се насмевне и на сингл Овните, бидејќи ги очекува нова и интересна врска.

Важно е да не навлегувате во поблиски односи со луѓе кои сте ги запознале онлајн.

Здравје – Одлично здравје, кондиција и енергија.

БИК

Работа – Пред вас е одличен работен месец во кој ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација која беше прилично лоша минатиот месец. Вашата планета на финансии, Меркур, останува во пријателскиот знак Девица, такашто во текот на целиот август ќе имате доста ангажмани, вешти финансиски трансакции и финансиска стабилност. Кога сметката на банката ќе биде доволно добра, многу Бикови ќе се одлучат да инвестираат во реновирање на работниот простор и рекламите.

Љубов – Август ќе биде мирен и поволен за љубов и кај оние кои се во врска и кај оние кои се сами.

Во втората декада може да дојде до несогласувања и мали проблеми, само затоа што една личност од страна или од семејството ќе ви се вмеша во врската.

Како и за сè, така и за тоа ќе најдете решение, само ви е потребно трпение и повеќе разбирање за да се вратите во стариот колосек.

Сингл Биковите треба да избегнуваат состаноци преку посредници.

Здравје – Добра здравствена состојба иако со текот на времето ќе имате помалку енергија.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Август ќе биде динамичен месец за сите Близнаци кои поседуваат некаков бизнис, а ќе бара и доста ангажираност и внимателност при извршување на работата. Вклучете го вашето внимание и внимавајте на промените на пазарот, дополнителните законски одредби и монетарната ситуација. Имате поддршка од вашата планета Меркур, такашто се’ зависи од вашето проценување, прилагодување и ангажман. Доколку успеете да ја држите ситуацијата под контрола ќе спречите финансиски загуби.

Љубов – Она што ве чека во наредниот период се мали разочарувања на почетокот на август, заради константната потреба од промена и случувања. Тоа нема да се случи и може малку да ве растажи.

Меѓутоа, нема простор за очај, бидејќи многу лесно ќе склопувате интересни познанства, што од забава, што од моментално задоволство.

Кај зафатените романтиката ќе го преземе водството и може да очекуваат само разбирање и хармонија.

Сингл Близнаците ги очекува лудо заљубување.

Здравје – Солидно со малку емоционални потешкотии.

РАК

Работа – Се’ додека сонцето е во знакот на Лав и во втората куќа на вашите финансии, за вас се создаваат оптимални можности за одлична заработка и постигнување на финансиски максимум за оваа година. Со оглед на тоа што парите и комуникациите се во прв план, поголем дел од месецот ќе се занимавате со распределба на парите како и собирање корисни информации за нови опции кои би можеле да го унапредат вашиот бизнис.

Љубов – Жешкото лето ви буди жешки желби, па затоа летните денови во август треба да се препуштите на случајностите.

Ќе имате неверојатна моќ да ја привлечете личноста која сакате, што само дополнително ќе ви го разубави летото.

Раковите кои овој месец ќе ги завршат старите врски многу брзо ќе влезат во нова.

Зафатените пак, треба да се погрижат да го опсипат партнерот со внимание.

Здравје – Чувствителна група се оние Ракови кои имаат хронични тегоби.

ЛАВ

Работа – Пофалби за Лавовите; потрошивте огромна енергија и успеавте да ја докажете способноста за управување и да се изборите со авторитетот во вашата бранша. Одлично ви оди поволниот распоред на планетарни енергии кои ви олеснуваат да го заокружите циклусот со успех и да го зајакнете влијанието. Особено е поволна ситуацијата кај Лавовите кои се занимаваат со креативни, научни и управувачко организациска работа. Невработените Лавови може да добијат работна позиција во последната седмица од август.

Љубов – За Лавовите август не е добар месец за влегување во нова врска.

Најдобро е да се стрпите, бидејќи за краток период ќе се појават нови симпатии, и тоа преку близок пријател или преку работното место.

Слободните Лавови ги очекува страствена афера, за која нема да смеат да зборуваат јавно.

Зафатените Лавови не смее да ги запостават партнерите. Ова е одличен период за нови заеднички планови.

Здравје – Одлична состојба, а вишокот на енергија можете да го потрошите во некој спорт.

ДЕВИЦА

Работа – Август за Девиците кои работат ќе биде многу подобар и помалку стресен месец, во споредба со случувањата и непријатностите во претходниот месец. Успеавте во меѓувреме да ги консолидирате вашите сили, да ги зајакнете и прецизно да ги испланирате понатамошните потези, кои ќе ви обезбедат успешна работа. Планетарната сила за вас е на источна страна, а од први август, вашата планета Меркур влегува во вашиот знак и максимално ве поддржува.

Љубов – Клучот е во комуникацијата и разбирањето, а вашите способности на овие полиња во август ќе го достигнат врвот. Очекувајте многу почит од партнерот.

Зафатените Девици може да се препуштат на разгалувањето од партнерот и може да очекуваат романтичен период кој ќе ве смири и ќе ви го направи животот попријатен.

За сингл Девиците август ќе биде интересен бидејќи нема да им биде проблем сами да си најдат партнер за состанок и да иницираат средби.

Сепак, не очекувајте било која личност да ги исполни вашите очекувања и високи стандарди за долгорочно.

Здравје – Што се однесува до здравјето, внимавајте на покачувањето на тежината.

ВАГА

Работа – Влегувате во период кога ќе настанат позитивни промени и ќе мора да се одлучите за нови чекори во работата. Брзото движење на вашата лична планета Венера, ви овозможува да го проширите вашиот бизнис, контактите и познанствата. Ќе добиете поддршка од вашите надредени. Од 22 август ќе се повлечете од јавноста за подобро да ја разгледате ситуацијата, да донесете заклучок и да направите планови и стратегии за идните чекори и напредување на вашиот бизнис.

Љубов – Летото во Вагите ја буди страста, па може да очекувате напната сексуална енергија и тензија на почетокот на месецот. Поради тоа, не почнувајте ништо романтично, туку исклучиво физички.

Ова подеднакво важи и за сингл и за зафатените Ваги, па затоа август е одличен за сексуални експерименти.

Зафатените Ваги не сакајќи може да го натераат партнерот да мисли дека не е доволно добар за нив. Убедете го во спротивното.

Слободните Ваги овој месец имаат најголеми шанси за било каква конекција со некоја платонска симпатија.

Здравје – Внимавајте на хроничните тегоби.

ШКОРПИЈА

Работа – Позитивните космички сили и во текот на август продолжуваат да го поддржуваат успехот на работа и просперитетот на Шкорпиите кои се сопственици на фирми односно агенции и мали и големи компании. Успехот најмногу ќе се гледа низ вашето второ поле кое ќе биде дополнително енергично со влегувањето во него на 2 август. Ваквата планетарна поставка ќе ви донесе развивање на бизнисот и одличен финансиски успех.

Љубов – Во август стапувате во акција. Ќе имате желба постојано да се движите, да излегувате и да запознавате нови луѓе.

Кај слободните Скорпии ова ќе биде одлична шанса за интересни познанства, додека кај зафатените може да предизвика несогласувања во врската и љубомора.

Ќе бидете заинтересирани за повеќе лица истовремено, без оглед на статусот, па важно е да бидете дипломати и дискретни при додворувањето.

Здравје – Внимавајте на исхраната и намалете го внесувањето на алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Стрелците во август ги очекува доста динамичен месец полн со обврски и активности. Со поддршка на сонцето и компатибилниот знак во Лав и планетата Марс, имате сила да го издржите забрзаното темпо без поголеми последици. Позитивната планетарна енергија околу вашата кариера покажува дека е време да ги зграпчите сите можности и да го подигнете бизнисот на завидно ниво.

Љубов – Почетокот на август ќе биде идеален период за нови врски, но нема да биде добар за веќе зафатените Стрелци.

Некои несогласувања во врските ќе доведат до заладување на односите и одвојување, па ако сакате да останете заедно мора да имате челично трпение и разбирање.

Слободните пак, може да очекуваат овој месец да ја најдат сродната душа.

Здравје – Полни сте со оптимизам, енергија и акции.

ЈАРЕЦ

Работа – Јарците кои работат во приватни компании ќе успеат да одржат рамно ниво, но со доста борба околу наплатата. Вашата планета на финансии Уран оди ретроградно и долго време нема да го промени правецот, што значи дека во овој период треба да поработите на реконструирање на финансискиот план и пронаоѓање на начин за сигурна заработка. На почетокот на август ќе добиете корисен контакт за бизнис патување.

Љубов – Љубовта ќе биде насекаде околу вас и во вашиот знак, па нема да имате место за грижи. Се ќе биде како што ви одговара.

Ќе имате потреба да ги искажете емоциите и да ја покажете нежната страна, што ќе биде одлично и за зацврстување на веќе постоечките врски и за создавање нови.

Сингл Јарците може да се заљубат во личност која не е таква каква што им се претставува, па мора да бидат внимателни. За да избегнете разочарувања, распрашајте се наоколу.

Јарците кои се во врска – обратно. Не треба да ги слушаат советите на другите.

Здравје – Помали проблеми со дишните патишта

ВОДОЛИЈА

Работа – За повеќето Водолии, ретроградното движење на Плутон е одговорно за вашиот успех на работа, а планетата за финансии Нептун, ќе создаде нестабилна ситуација и лоши материјални односи. Исто така, со излегувањето на Марс од вашето десетто поле, ќе се намали можноста со директни акции да ги насочите работите на подобро. Ќе ви биде потребно да вложите доста напор и да разработите планови за да пронајдете извор на материјални средства.

Љубов – Преокупираноста со работата ќе ви ги оддалечи мислите од љубовниот живот, заради што ќе дојде до заладување на односите.

Би требало повеќе да се насочите на емоциите, без оглед на статусот.

Слободните Водолии овој месец ќе најдат љубов во некоја романтична душа, но прашање на време е колку тоа ќе трае. Ништо не форсирајте.

Зафатените Водолии мора да одвојат повеќе време за активности со партнерот.

Здравје – Проблеми со мускулите.

РИБИ

Работа – Август ќе биде плоден и успешен месец за Рибите. Во овој период имате силна поддршка од планетарната енергија, бидејќи планетата на вашиот успех на работа Јупитер, ви овозможува нови шанси за проширување на бизнисот под поволни околности. Исто така, Марс ќе ви помогне во финансиските трансакции и ќе го подигне вашиот бизнис на едно сосема ново и високо ниво. Посебно успешни ќе бидат сите кои работат на креативно, маркетиншко и организациско поле.

Љубов – Ако имате потреба да донесете некоја важна одлука поврзана со вашиот љубовен живот, подобро е да оладите и да ја одложите. Оставете ги работите какви што се.

Ѕвездите не ви се наклонети, заради што плановите може да тргнат по лош пат.

Имате променливо расположение, па фатални сте за спротивниот пол, без оглед на статусот.

Рибите кои се во врска мора да покажат разбирање и повеќе да размислуваат, додека на слободните им се препорачува да не планираат премногу.

Здравје – Ќе се соочите со несоница.

Коментари

Популарно