Уште еден земјотрес во Албанија

Од 4 јули кога беше регистриран првиот потрес во близина на Драч, албанското тло постојано се тресе, а по потресот кој беше почувствуван и во Македонија, со јачина од 5,2 степени, сега има нови потреси.

Последниот потрес со 2,7 степени е регистриран утрово.

Од првиот земјотрес кој беше со интензитет од 5,2 степени според Рихтер, со епицентар кај Драч, до денеска, се регистрирани 830 потреси со различен интензитет. 

Коментари

Популарно