(ВИДЕО) Руски милијардер почина кога ги слушна тажните вести: После неколку дена, приказната добила уште потрагичен пресврт

Рускиот милијардер 71 годишниот Игор Некљудов почина после веста дека детето кое го удрил, починало во болница.

Иако медиумите пренесоа дека богаташот најверојатно починал бидејќи не можел да се помири со тажните вести, приказната доби трагичен пресврт.

Имено, пред неколку дена, Некљудов случајно удрил едногодишно дете со кола при мала брзина, додека возел во рикверц.

Еден од сведоците кажа дека детето ги одрало колената, а друг истакнал дека возилото воопшто не го удрило детето туку тоа трчало и во еден момент се сопнало.

Било како било, милијардерот чие богатство се проценува на 15 милијарди евра, направил се за детето да оди во болница и да помине низ сите прегледи како би се утврдило дека се е во ред.

Меѓутоа, неколку дена подоцна, во локалните медиуми се појавила вест дека детето починало во болница.

Набрзо починал и Некљудов, а неговите соработници истакнале дека на работа добил срцев удар. Бил однесен во болница, но му немало спас.

Коментари

Популарно