Вистински хит низ целиот свет: Колинда ја бараат на Тајланд

Благодарејќи на жестокото навивање за хрватската репрезентација, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ стана хит на социјалните мрежи.

Така само неколку часа после објавата на Фејсбук дека претседателката возела автобус со репрезентацијата која е споделена повеќе од 16.000 пати, на страницата со тајландска адреса „English for Life“, која го промовира учењето на англискиот јазик, објавен е статус со следната содржина:

Колинда Грабар Китаровиќ, претседателката е убава, но не само тоа…

1.Го продаде претседателскиот авион,

2.Пордаде 35 Мерцедес автомобили доделени на министрите и други лица од власта, а парите ги врати во државната каса.

3.Својата плата и платата на министрите ги намали за половина,

4.Ги намали трошоците и платите на амбасадорите и конзулите за 60 проценти,

5.Ја крена минималната плата на вработените во приватниот сектор

6.Ја регулираше пензијата на сенаторите и конгресмените.

Таа говори седум јазици и не верува дека е подобра од другите.

Во текстот се завршува со прашање: Зошто не би ја позајмиле на неколку дена да ги научи корумпираните како да се однесуваат кога се на власт?

Коментари

Популарно