ВЛАДАТА ЌЕ ОЖИВУВА МРТОВЦИ: Од Фондот за иновации доделени 2 милиони евра на компанија која се занимава со реинкарнација!

Во рамки на тендерот за иновации на Фондот за иновации македонската влада ќе инвестира во реинкарнација.

Иако звучи како шега сепак во официјалниот документ за доделените средства стои токму овој збор „реинкарнација” како активност која е помогната од владата.

Средствата во висина од 2 милиони и 150 илјади евра за реинкарнација ги добила фирмата Микомп ДОЕЛ од Прилеп.

Реинкарнација, буквално значи „повторно да се родиш во тело“. Се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие, после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело. Овој основен дел најчесто се нарекува дух или душа, „повисоко јас“ или „вистинското јас“, „божествена искра“ или едноставно „јас“.

Според ова верување, во текот на секој живот во физичкиот свет се добива нова личност, но еден дел од „јас“ е постојан во текот на сите животи, таканаречени – инкарнации.

Верувањето во реинкарнација е древен феномен. Оваа доктрина е централен принцип во индиските религиозни традиции: во хиндуизмот, јогата, вишнаизам, шиванизам, џаинизам и сикизам. Некои древни грчки филозофи исто така верувале во реинкарнација, а денес се појавува како верување во бројни модерни паганизми и во некои од движењата на Њу ејџ, меѓу кои и во спиритизмот, меѓу практикантите на африканските традиции, следбеницитена езотеријата, Кабалата, суфизмот, гностицизмот.

Будистичкото верување во реинкарнација се разликува од она на хиндуизмот и на Њу ејџ, по тоа што вели дека не постои непроменлив дел од „душата“ кој се реинкарнира.

Кај нас реинкарнацијата се води како иновација.

Коментари

Популарно