(ФОТО) Неверојатна сцена во центарот на Лондон: Питон проголта гулаб

На улиците во Лондон забележана е неверојатна сцена. Имено, граѓани имале можност да видат како змија јаде гулаб.

Фотографијата која се појави на социјалните мрежи веднаш привлече големо внимание.

„The Evening Standard“ објави дека набљудувачите на питонот му дале да изеде мртов гулаб.

Портпаролот на организацијата за заштита на животни, која е повикана на лице место, рекла дека не верува оти змијала ловила и убила гулаб.

Змијата е одведена во блискиот центар за диви животни, каде се врши нејзина проценка.

Ребека Бенсон, која работи како инспектор, рекла дека би сакала да знае како змијата се нашла во таква ситуација.

– Кога е така изложена на улица значи дека нешто се случило со неа. Можел да ја прегази автомобил или да ја нападне друго животно. Можеби е нечиј миленик кој избегал или што е уште позагрижувачки, некој можел да ја исфрли на улица, рекла таа.

View image on Twitter

Коментари

Популарно