Со оваа диета Колинда успеја да се стопи

Диетата со која претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, ги истопи одвишните килограми одамна е позната во Хрватска, особено после 25. јуни, кога приредила прием за амбасадорите…

Претседателката добила многу комплименти за својот изглед, но не престанала туку продолжила со својот режим на исхрана. Убаво изгледаше и на финалето на СП во Русија, но едноставно воодушевила вчера – во Книн на Денот на победата кога се појавила во фустан кој ја истакнувал нејзината вита линија. Повеќе нема сомнеж дека претседателката на Хрватска која стана апсолутен хит на Светското првенство во Русија е на строга диета а со витата иниј ќе може да се пофали и на летниот одмор кој започна денес, а ќе го мине во вила на Бриони. Всушност диетата на Грабар-Китаровиќ и не е некоја строга диета, можеби малку еднолична, но за оние со фантазија и идеи едноставно е – одлична. Се состои од три оброци во текот на денот. Наутро може да јаде се’ освен леб, па често јадела кајгана и чварки. Во текот на денот понекогаш, најчесто како ручек, би изела само салата. Последниот оброк околу 18. часот, морало да биде лесен, а се состоел од печено пилешко филе и органски зеленчук. Слаткото потполно го исфрлила. Но, претседателката секогаш кога имала време вежбала на „степер“. Оваа нејзина диета очигледно има и тоа каков ефект, а доказ се фотографиите од Колинда пред неколку месеци и оние од светското првенство и Книн.

Коментари

Популарно