ФОТО: Ја преставуваше Македонија на ЕП, а леташе орли сред Берлин

Атлетичарката Дрита Ислами не се засрами од убедливо последното место во квалификациите во трката на 400 метри со пречки на Европското првенство (ЕП) во Берлин. Но тоа не беше доволно, па  веќе следниот ден направи скандал фотографирајќи се во поза која не ѝ доликува на седукратната најдобра атлетичарка кај нас и наш претставник на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Таа го искористи престојот во германскиот град да направи фотографии за спомен, меѓу кои беше и таа на местото каде што во минатото беше еден од премините помеѓу западниот и источниот дел од Берлин. И сѐ би било во ред, ако таа не „леташе орли“, албански симбол кој се поврзува со иредентистичката желба за формирање на заедничка држава на територија на сегашна Србија, Косово, Македонија и Црна Гора (Голема Албанија).

Можеби да е на приватно патување вакво нешто и не би бодело толку очи, но атлетичарката овој пат беше испратена да ја претставува Македонија со финансии обезбедени од државата. И наместо да остане засрамена од ужасниот пласман и лошиот резултат кој беше далеку од нејзиниот личен рекорд, Ислами гордо објавува фотографии на кои покажува нешто што нема допирна точка со нејзината матична држава, без разлика што таа е од албанска националност.

Малку зачудува ваквиот потег на младата атлетичарка, која во минатото неретко се фотографираше со македонското знаме, а една од таквите фотографии беше хит на социјалните мрежи како показател за отсуството на национализам во спортот. Но, без разлика на тоа, сега на потег се челниците на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) да го испитаат случајот и да видат дали има можност за санкционирање на ваквото однесување на Ислами, која со години наназад е синоним за овој спорт кај нас во женска конкуренција.

Коментари

Популарно