Заев му се извини на Борисов: Ние политичарите правиме грешки

По реакцијата на Бојко Борисов, на изјавата на Заев дека Илинденското востание е македонско, денеска премиерот на Македонија испрати смирувачка порака во која повикува во преден план да се стават пријателските односи меѓу двете земји.

„Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени. Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство“, порача тој.

Коментари

Популарно