Нема врска со љубов или страст: Еве зошто изневеруваат жените

Големи анкета на странскиот дeјтинг сајт “Gleeden” бара одговор на тоа зошто жените ги изневеруваат своите сопрузи. Речиси 9 од 10 дами кои учествувале во анкетата, изјавиле дека полудуваат од недостатокот на помош во домаќинството. 

Можно ли е тоа да биде главната причина?

Во истражувањето спроведено во форма на интернет анкета, учествувале вкупно 10 000 Француинки. Секоја од нив требало да пополни анкета, во која ќе каже како ѝ влијае расположението од интимниот живот.

Резултатите се неверојатни:

73% од француските дами споделиле дека во даден момент ги изневерувале своите сопрузи. Главната причина за прељубата жените ја наоѓаат во зголемените тензии меѓу нив и партнерите.

84% од жените тврдат дека домашните обврски во најголема мера се одговорни за појавата на тензии меѓу вљубените. Така ја распукува и довербата меѓу нив.

Според истражувачите, кога меѓу две лица кои живеат заедно, се појави жестока противречност за мали нешта (како на пример едноставно перење или кој да пушти правосмукалка), најпогодени се претставниците на понежниот пол.

Податоците од анкетата покажуваат дека една од десет жени  изневерила заради ситни кавги од секојдневниот живот кои поставиле растојание помеѓу неа и нејзиниот сопруг.

Слични резултати беа објавени и во весникот “Брак и семејство” во текот на летото на 2016-та. Американското истражување покажува дека кога сопругот одвојува по 7 часа неделно за задолженија, квалитетот на сексуалниот живот се крева 5 пати.

Коментари

Популарно