Инстаграм служи како инспирација за летни комбинации

Доколку се соочувате со недостаток на инспирација кога е во прашање деловниот аутфит во текот на топлите летни денови, „послужете" се со Инстаграм.

На оваа платформа ќе наидете на неограничен избор на деловни изгледи во различни стилски фазони, па веројатно ќе го најдете најсоодветниот што лесно ќе се прилагоди во вашиот деловен имиџ адаптиран на вашата работна функција.

Ви препорачуваме да ги разгледате профилите на модните блогерки кои често во својот стил комбинираат елегантни и урбани парчиња, создавајќи идеален баланс помеѓу деловен и индивидуален изглед.

Актуелните тенденции ни се во прилог, па секогаш може да ги имате в предвид оние парчиња кои што важат за хит летово, како што се миди фустаните со едноредно закопчување, панталоните со висок струк комбинирани со кошула во пруги или пак здолништата на преклоп комбинирани со едноставна маичка во светла нијанса.

Коментари

Популарно