Агрон Руфати ја одби Албанија за да игра за Македонија

Како што објави албанскиот портал „Вип Спорт“, Руфати имал понуда да заигра за Албанија, откако имаше извонредни настапи во новата суперталентирана генерација на Македонија до 19 години, чиј првотимец е во генерацијата со Елиф Елмас, Димитар Митровски, Јани Атанасов, Дарко Чурлинов... Руфати по настапите за селекцијата до 19 години, сега ќе биде дел од младинската селекција до 21 година и тој си избрал да игра за Македонија.

Руфати е роден во Загреб, моментно е член на хрватска Истра, претходно беше дел од младинскиот погон на Динамо Загреб, играше и за загрепска Локомотива, а од летово е член на Истра.

„Швајцарија беше земја поради која албанските фудбалери ги одбиваа „црвено-црните“, ама сега има и такви кои ги одбиваат за да играат за Македонија. Таков пример е Агрон Руфати, 19-годишниот фудбалер со потекло од Гостивар, кој не успеа да биде дел од две албански селекции, а сега одби да игра за Албанија за да игра за Македонија. Всушност, таткото на фудбалерот инсистирал неговиот син да продолжи да игра за Македонија“, пишува „Вип Спорт“.

Пред неколку дена поранешниот фудбалер на Вардар, Демири објави дека прифатил да игра за Албанија и дека во процес е да му извадат пасош кај западниот сосед. Демири беше дел од македонската младинска селекција, чиј стартер беше во целиот квалификациски циклус преку кој Македонија напиша историја со пласманот и настапот на Евро 2017 во Полска. Два месеци по настапот на ЕП, Демири со Вардар напиша клупска историја со пласманот во групната фаза во Лига Европа.

Коментари

Популарно