ВИДЕО: Место свадба, едвај спасиле жива глава

Еден млад пар од Богота задоцнил на сопствената венчавка затоа што на патот до црквата ги зафатил пороен дожд. Иако се надевале дека ќе успеат да стигнат на време, наскоро сфатиле дека веројатно ќе мора да се борат за гол живот, затоа што надојдените води започнале да прават хаос низ градот.

Во еден момент автомобилот во кој биле сватовите останал заробен во водата која тргнала да влегува и во возилото, па несреќната невеста морала да излезе и да се качи на кровот од автомобилот.

За среќа, набргу дошла полицијата да ги спаси, па невестата, во венчаница ја префрлиле кај себе.

Иако во нејзините очи можеле да се видат солзи, полицајците рекле дека младенците биле многу смирени со оглед на катастрофата која ја доживеале.

Не е познато дали на крајот венчавката се одржала.

Коментари

Популарно