Се омажи Робин Рајт

 Актерката инсистирала церемонијата да е скромна и поради тоа церемонијата се одржала во тесен круг во петокот, во Франција.

 Робин Рајт се омажи за Клеман Жироде, менаџер за односи со ВИП клиенти во „Сен Лоран“, соопшти Контакт мјузик.

Двојката ја чуваше љубовта далеку од љубопитните погледи, но обожавателите на актерката забележаа веренички прстен на нејзината рака уште минатата година.

Робин Рајт беше мажена за Шон Пен од 1996 година до 2010 година. Тие имаат две деца – Дилан на 27 години и Хопер – на 25. Актерката отсекогаш велела дека разводот за неа бил „разурнувачки“.

По разделбата со Шон Пен, таа имаше врска со актерот Бен Фостер, но се раздели со него во 2015 година.

Коментари

Популарно