ВИДЕО: Хулигани снимени како палат палми во Карпош 3

Клиниката ,,Жан Митрев” информира дека изминативе денови се случиле инциденти во кругот на болницата, кога група млади луѓе од непознати причини запалиле дел од палмите.

Инцидентот е регистриран од безбедносните камери на болницата и снимките ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа. Од клиниката во допис до медиумите испратија и видео снимка за настанот.

,,Последните неколку дена во кругот на "Zan Mitrev Clinic" се случија два немили настана во кои настрадаа две палми. Во два поединечни исценирани инциденти група млади лица во ноќните часови запалија дел од палмите засадени во градината околу паркингот на клиниката”, се вели во соопштението до медиумите. 

Првиот случај бил регистриран рано наутро во саботата (11.08.2018) во 1.30 часот а вториот во среда (15.08.2018) во 2.30 часот. Ицидентот е регистриран од безбедносните камери на болницата. 

,,На снимките во првиот случај се гледаат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата која за неколку секунди вивнува во пламен. Во вториот случај на безбедносните камери вандалите се симнуваат од автомобил и со покриено лице се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја запалуваат, по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото”, велат од Клиниката.

Коментари

Популарно