Двегодишно дете пуши по 40 цигари на ден

Рапи Ананда Памунгкас кој има само две ипол години од Индонезија е зависен од никотин, а цигарите му ги купува неговата мајка.

Проблемите се јавиле кога детето почнало да собира отпушоци од пред уличната тезга на неговата мајка. За неколку дена тоа создало зависност, па станало и агресивно, што особено се гледа кога не може да најде од своите омилени „Мароко” цигари.

Токму поради овие напади на бес, мајка му мора да му купува по две кутии цигари секој ден.

– Ако му не дадам цигара, тој полудува. Без нив не може да заспие. Плаче и беснее, се жали таа.

Според локалните медиуми, малиот пушач и неговите родители се уште не посетиле лекар за да се консултираат како детето да се одвикне од никотинот.

Коментари

Популарно