Ин мемориам: „Кралицата на соул музиката“ замина во легендите

Арета Френклин, која го поседуваше еден од најмоќните гласови во музичката историја, издиша за последен пат во својот дом во Детроит. Имаше 76 години.

Талентираната музичка дива подолго време имаше здравствени проблеми. Шпекулациите се дека страдаше од рак на панкреасот. Во последните месеци од животот, нејзината телесна тежина драстично опаднала и семејството пред неколку дена ја извести јавноста дека таа е на смртна постела.

Кариерата на Френклин е извонредна. Уште во 60-тите години таа беше наречена „Кралица на соул музиката“, има освоено 18 Греми награди и стана првата жена во „Куќата на славните на рокенролот“.

Коментари

Популарно