Денеска и викендов, сончево со врнежи попладне

Денеска е петок, 17 август 2018 година, 229-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 136 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 42 минути, а ќе зајде во 19 часот и 33 минути.

Денов трае 13 часа и 51 минута.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 12 часот и 24 минути, а ќе зајде во 23 часот и 16 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, наместа ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. 

Утринската температура ќе се движи од девет до 21 степени, а дневната температура од 29 до 36 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност со слаб ветер од променлив правец. 

Утринската температура до 18 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. 

До недела ќе преовладува стабилно и суво време,но локално не е исклучена појавана краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Коментари

Популарно