Работи кои никако не смеете да правите на вагината

Сигурно барем еднаш во животот сте слушнале како некоја жена завржила на итна помош затоа што нешто чудно и се случило со вагината или останало нешто во неа. Некои од тие приказни сигурно се измислени, но и добар показател од што треба да се држите подалеку.

Пареа

Наводно „парна купка за вагината“ потекнува од Кореја, каде ги соблекувате гаќичките и клечите 20-тина минути над врела вода со етерични масла и терапевтски билки. Многу парни бањи низ светот нудат различни поудоби верзии како столици на кои седите, а пареата ви шушти меѓу нозе. Но, не правете го тоа„ Интензивните ароми можат да предизвикаат иритација, а пареата изгореници.

Масло од чаевец

Во него понекогаш се кријат хемиски супстанци кои може да доведат до иридација на кожата на гениталното подрачје. Затоа се препорачува да користите маслинови, бадемово ил кокосово масло.

Чоколадо и шлаг

Колку и да ви звучат еротично немојте да ги употребувате околу гениталкната ареа, затоа што содржат шеќер и може да ја променат Ph вредноста на вагината. Ако сакате да експериментирате тогаш намачкајте само надворешно, никако подлабоко.

Вазелин

Легндарното средство за подмачкување не е соодветно за гениталното подрачје, затоа што се прави од нафта и може да предизвика несакани реакции.

Овошје и зеленчук

Сигурно барем еднаш сте прочитале дека некоја жена место дилдо, вибратор или вистински машки полов орган, за секс користела краставица. Постои и тоа, но никакво овошје или зеленчук не може да биде замена. Затоа, одвоете малку пари, купете си дилдо или вибратор, или најдете партнер. Вадењето овошје или зеленчук од вагината не е ни малку еднставно или безболно.

Анус

Се што било во допир со задниот отвор може да пренесе фекални бактерии во гениталното подрачје, а тоа понатаму може да предизвика непријатни инфекции.

Остри предмети

Треба ли дополнително да објасниме колку вагината е осетливо подрачје.

Тампони натопени со алкохол

Имаше извештаи во кои девојките ставаа тампони натопени со вотка во вагината за побрзо да се опијанат, а да не им смрди здивот.Пораката е никако да не го правите тоа, ни во најлудите сништа.

Светкави камчиња

Камчињата Вајазлинг како тренд се појавија последните пет години. Сјајните камчиња кои се лепат околу вагината лесно можат да заталкаат во внатрешноста.

Коментари

Популарно