Тажни сте и по добар секс? Еве зошто

Дали понекогаш сте се почувствувале тажно, празно или срамно, дури и после добар сексуален однос? Не сте единствени. Основачот на порталот „Nju Ejdž Gents“ за „Хафингтон пост“ објаснува дека тие чувства може да се појават во зависност од тоа во каква врска се наоѓате и какви се вашите намери со таа личност.

Не учат дека со физичката размена на нежности, мажите не мешаат чувства и не се емоционални во таквите моменти, но тоа е погрешно – тврди тој.

И кај мажите и кај жените може да се јави посткоитална тага. Станува збор за прилично честа појава, која подразбира тешки чувства, тага, неугодност, меланхолија, веднаш по сексуалнио однос. Тоа е последица на делувањето на пролактинот, хормон кој се лачи после оргазмот и кој треба да го изедначи нивото на допамин кој се ослободува по сексот.

До депресија после сексот доаѓа кога во однос на допаминот се лачи значително повеќе пролактин.

Коментари

Популарно