Кој е Македонецот што е популарен во Шангај?

Никола Марковиќ е Македонски модел и еден од најбараните машки модели во Кина. Тој неодамна беше избран за заштитно лице на „Шангри-ла“, хотелски ланец со 5 ѕвезди. Никола сними видео-реклама и кампања за најновиот хотел што е неодамна отворен во Шангај.

„Во Кина сум по четири години. Веќе два дена работиме на кампањата за хотелот, и возбудливо е“, рече Никола.

Марковиќ со мода се занимава осум години. Кариерата ја гради надвор од Македонија. Првите ангажмани ги имал во Турција, а работи во Италија, Германија, Кина, Индонезија, Индија, Шпанија, Дубаи, Јужноафриканска Република, Бразил… Досега снимал едиторијали, кампањи, лук-букови за Ралф Лорен, Армани, Гучи, Келвин Клајн, Картие, Зара, Томи Хилфигер, Ли Купер, Лидл. Имал сликања за „Вог“, „Менс хелт“, „Џи Кју“ и многу други.

Коментари

Популарно