По идиличниот одмор во Италија, Џенифер Лопез и Алекс Родригез им се вратија на работните обврски. Парот беше фотографиран додека го напушташе студиото на NBC во Њујорк.
49-годишната музичка ѕвезда беше облечена во нежно розово фустанче од модната куќа Валентино. Во својот „Барби стајлинг“ таа додаде Фенди чантичка и Гучи сандали.
Џеј Ло сподели фотографија од средбата со Аријана Гранде.
Алекс и Џенифер и претходно беа фотографирани низ улиците во „Големото јаболко“. Зелената кошула на Лопез доаѓа од Гучи, чантичката е дело на Ермес, големите очила за сонце се од Шанел, додека обувките на славната пејачка се дизајн на Шарлот Олимпија.