Во Градски парк „никна“ куќичка изработена од трупецот на старо и исушено дрво

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изработија куќичка од трупецот на старо исушено дрво во Градскиот парк.

Оттаму информираат дека идејата е во иднина наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми, кои би го привлекле вниманието на минувачите.

Коментари

Популарно