ФОТО: Неда Украден во бикини го прослави својот 68. роденден

Неда Украден популарната југословенска пејачка вчера наполни 68 години. Иако ја „гази“ седмата деценија од животот, таа се’ уште важи за една од најнегуваните и најодржаните дами на јавната сцена.

Затоа и не се воздржува од објавување фтографии на кои позира во костим за капење, притоа, без да ги разубавува со помош на алатките на Фотошоп, каков што е примерот на нејзините многубројни помлади колешки.

По повод роденденот, Неда се огласи на социјалните мрежи, јасно ставајќи им до знаење на своите следбеници чија честитка најмногу ја израдувала:

Мојата прва и најдрага честитка. Фала му на Господ за среќниот и исполнет живот – денес го славам мојот роденден! Ви благодарам на сите за прекрасните желби! Ве сака вашата Неда.“

Коментари

Популарно