Комерцијална,НЛБ и Стопанска остварија над 70 милиони евра профит за шест месеци

Дека за банките во Македонија “нема зима” доказ се објавените финансиски извештаи од најголемите три банки, НЛБ, Стопанска и Комерцијална. Согласно билансите, големата банкарска тројка и нејзините вработени успеале за шест месеци да прокнижат профит од неверојатни 70 милиони евра.

Вкупните приходи од работењето на овие три банки во 2018 година се зголемени за 20% во однос на приходите кои ги оствариле во 2017 година.

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ: профит од 19,1 милиони евра

Во периодот од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената деловна политика на банката за 2018-та година, остварувајќи нето добивката заклучно со 30.06.2018 година во висина од 1.175.932.000 денари или нешто повеќе од 19 милиони евра. Добивката е повисока за 26,5% во однос на истиот период од 2017 година.

НЛБ банка во првите шест месеци од годинава остварила вкупни приходи од над 38 милиони евра. Приходите од камати биле 23 милиони и 442 илјади евра, а од провизии и надоместоци 8 милиони и 515 илјади евра. Како „останати приходи од дејноста“ се заведени 7 милиони и 672 илјади евра.

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ: профит од 21,4 милиони евра

Во периодот од 01.01-30.06.2018 година Комерцијална Банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.314,7 милиони денари (21,4 милиони евра) наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 39,2 милиони денари.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.551,5 милиони денари и бележат зголемување од 10,3% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2018 година истите бележат намалување од 13,5% во однос на истиот период од минатата година што главно произлегува од

намалена состојба на кредити дадени на секторот нефинансиски друштва. Планот за анализираниот период е остварен со 95,5%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2018 година изнесуваат 411 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 2,1%. Планот за анализираниот период е остварен со 104,2%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.06.2018 година изнесуваат 84,7 милиони денари и бележат зголемување од 40,4%. Планот за анализираниот период е остварен со 142,3%.

Останатите приходи од работењето на Комерцијална банка на 30.06.2018 година изнесуваат 771,5 милиони денари и бележат зголемување за повеќе од два пати, при што порастот главно произлегува од приходите од капитални вложувања и капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот за анализираниот период е остварен со 129,1%.

СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ: профит од 30 милиони евра

Во првите девет месеци од 2016 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка во износ од 1,855 милиони денари, што е за 15,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Со тоа банката продолжува да ja реализира поставенaта долгорочна стратегија, фокусирана на оптимизација на сите потребни ресурси, со цел да се подобри ефикасноста во секој аспект од работењето.

Остварените нето приходи од камата во анализираниот период е за 6,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година и нето приходите од курсните разлики изнесуваат 87,1 милиони денари и се за 55,7% повисоки во споредба со истиот период минатата година. Другите оперативни приходи изнесуваат 228,00 милиони денари и во однос на истиот период од претходната година забележуваат пораст од 9,7%.

Коментари

Популарно