Еден поинаков вид на сладолед?

1. Сладолед од мајонез

Компанијата Hellmann’s уште од 1920-та,  произведува мајонез и е горда на својот рецепт. Оваа година компанијата го пушти во продажба нивниот сладолед од мајонез. Навистина е тешко да се замисли вкусот, но според описот станува збор за кремаст вкус на јајце. Компанијата исто така објави и рецепт за чоколадна торта со мајонез.

ОК, сакам сладолед, го сакам мајонезот, но ова е уште еден случај како пица од ананас беше - еден од коментарите.

- Зошто се осмелувате? Кој го направи ова? Ова е дело од најголемото чудовиште во историјата на човештвото! - беа дел од коментарите.

Но,имаше и такви кои не беа толку скептични и беа подготвени да ја пробаат оваа иновација која многумина не им се допаѓаат.

- Можеби не е толку ужасен вкусот? Имам рецепт за чоколадна торта во која се става  мајонез, па затоа е супер сочнаи се чувствува подобро вкусот на чоколада, и никој никогаш не сфаќа што е внатре! Рече еден корисник на Tviter.

Коментари

Популарно